Категории

Она што е судено да биде твое – ќе дојде

За сѐ постои вистинско време

Она што треба да биде твое ќе дојде, тоа што е исправно, нема да мораш да го присилуваш нити да се двоумиш за истото, ќе знаеш дека тоа треба така да биде.
Вистина е дека животот не секогаш оди според нашиот план. Има мигови кога наизглед се е совршено, а потоа се катастрофално се распаѓа. Ние ќе бидеме со некој со кого мислиме дека се ќе трае засекогаш, а потоа беспомошно ќе гледаме како тој однос се распаѓа.
Во сите овие мигови не можеме да имаме одговори на сите прашања во нашата глава. Не можеме да разбереме што се случува, каде треба да одиме и што треба да направиме во секој миг. Не можеме да знаеме што е добро или наше за да го задржиме.

Само мораме да веруваме, во вишата сила, во универзумот, во себеси. Мораме да продолжиме понатаму, да знаеме дека она што е наменето за да биде дел од нашиот живот веќе го прави патот за да стине до него. Дури и ако тоа во овој миг не изгледа воопшто така.

Не можеме да се бориме против него, не можеме да брзаме. Не мораме да живееме во место кое што ни создава стрес или тегоби, едноставно мораме да се препуштиме, да создадеме простор и да имаме доверба, и да му дозволиме на она што е наше да не пронајде.

Прегледи:
810
Објавено на:
22.11.2019