Категории

Она што левучарите никогаш не треба да го прават со левата рака!

И покрај тоа што сте левучар, не користете ја „примарната“ рака во овие 7 ситуации, бидејќи веројатно ќе ве сметаат за невоспитани, па дури и злонамерни, а некаде ќе се очекува дури и да се извините за таквото однесување!

  1. Не ја отворајте вратата од левата страна на автомобилот со левата рака

Ова „правило“ постои од безбедносни причини – отворањето на вратата со левата рака го зголемува ризикот од несреќа затоа што можеби во овој момент не го забележувате велосипедистот кој поминува покрај вашиот автомобил. Ако ја направите истата работа со десната рака, ќе бидете принудени да свртите лево со целото тело, што значи дека ќе го имате на повидок целиот простор од левата страна на автомобилот.

  1. Храната од масата се подава со десната рака

Правилата на трпезариската маса диктираат дека секогаш додаваме храна и пијалок на други луѓе на масата во насока на десната рака. Ова правило постои затоа што честопати се случува повеќе садови со храна во исто време да бидат во оптек, па затоа е важно сите да одат во иста насока за да не се настанат забуни, објаснуваат експертите.

  1. Во Индија, ништо не треба да се подава со лева рака

Во Индија, левата рака е поврзана со личната хигиена, а тоа вклучува обување и собување на чевлите. Општо се смета дека левата рака се користи за извршување на нечисти работи. Затоа никогаш не треба да се користи за подавање на предмети на друго лице, без разлика дали е храна или вашата визит-карта. Всушност, некои луѓе во Индија ќе одбијат да го прифатат предметот кој што им го подавате со лева рака.

  1. Во Етиопија не се јаде со лева рака

Етиопскиот начин на јадење отфрла прибор за јадење и посебни чинии, а подразбира користење на парче „инјера“, рамен леб, кој се користи за прибирање храна од заеднички чинии и се става во уста. Луѓето во Етиопија, исто како и во Индија, со левата рака ја одржуваат хигиена по употреба на тоалетите и затоа во оваа земја таа рака се смета за „валкана“ и несоодветна за користење во храната.

       5. На Блискиот исток, не ги допирајте парите со лева рака

На Блискиот исток, се смета за непристојно да се допрат пари со левата рака. Исто така е непристојно да земеш било што со левата рака. Исто како во Етиопија или Индија, и овде е непристојно да се јаде со левата рака.

  1. Заборавете дека ја имате ако се најдете во Гана

Десната рака е секогаш „вистинската“ рака во Гана, каде користењето на левата рака во социјална интеракција е практично табу. Ако заборавите за момент и направите нешто со левата рака, од вас се очекува учтиво да се извините.

  1. Никогаш не се ракувајте со лева рака

Во сите горенаведени земји, каде левата рака се смета за валкана, ракувањето со неа не доаѓа во предвид. Но, ова важи и било кое друго место во светот. На пример, во Америка ракувањето со лева рака се смета за навреда и неискрените ветувања.

Прегледи:
638
Објавено на:
30.08.2019