Категории

Оние кои слават роденден во декември се родени за лидерски позиции

Без разлика дали станува збор за Стрелец или Јарец, личноста родена во декември е вистинско освежување за секој кој ја познава, тврдат астролозите.

 

Оние кои го прославуваат роденденот во последниот месец од годината, важат за упорни, креативни и искрени луѓе. Стручњаците од еден американски универзитет спровеле истражување во кое учествувале личности родени во декември, февруари и март. Заклучиле дека најпозитивен поглед на светот имаат токму оние кои овој месец слават роденден.

Иако декември е еден од најстудените месеци, тој е и најсреќен, бидејќи тогаш се подготвуваме за новогодишните и божиќните празници. Тоа е поврзано и со мајките, бидејќи бебињата чувствуваат сѐ додека се во стомакот, а новвогодишната еуфорија позитивно влијае и на трудниците и на плодот. Тоа значи дека тие бебиња се родени во посебно и магично време – објаснуваат стручњаците.

Лични особини

Личностите родени во декември веруваат дека сите луѓе се добри и длабоко се разочаруваат кога ќе сфатат дека тоа не е точно. Многу се искрени, не сакаат неверства, игри со човечките емоции и многу се интелигентни. Спремни се да ги признаат своите грешки.

Работа

Декемвриските бебиња се родени лидери. Ги возбудува секој нов проект и не е неочекувано да прифатат повеќе обврски отколку што можат да постигнат само поради тоа што би сакале да можат сѐ. Честопати ќе се жртвуваат наместо колегите.

Љубов

За личностите родени во декември, љубовта, семејството и пријателството се многу големи приоритети. Кога сакаат, тоа го прават со цело срце и го очекуваат истото за возврат. Понекогаш ја пуштаат имагинацијата, па можно е во животот да поминат низ тешки моменти, но не губат надеж. Лојални се и искрени, подготвени на саканата личност да и понудат безрезервна поддршка. Кога ќе ги запознаете ќе сфатите дека се типови на луѓе кои секогаш ќе ви го чуваат грбот без разлика на сѐ.

Занимливости

Истражувањето спроведено во Велика Британија открило дека стоматолозите се личности кои се најчесто родени во декември, а момчињата родени во декември почесто се левораки.