Категории

Опасните тајни на ФАТАЛНИТЕ ЗАВОДНИЧКИ – Што треба да знаете да бидете неодолива?

Без разлика дали имате една личност на ум, или би сакале да „ловите“ на големо, постојат работи кои ќе ви ги зголемат шансите да го сакате спротивниот пол.

Погледнете го во очи
Не гледајте на подот или на страна, оставете го вашиот поглед да биде насочен директно во очите на другиот. Овој чин укажува на самодоверба, а самодовербата е секси. Истиот ефект ќе го постигнете ако стоите исправено.

Насмевка
Најбрзиот начин да угодите некого е да му се насмеете. Луѓето сакаат да бидат опкружени со насмеани, позитивни луѓе и ги оценуваат како попривлечни отколку намуртени.

Разговарајте со сите
Разговарајте со онолку луѓе колку што ќе сретнете, прашајте ги што прават или размислуваат за нешто. Истражувањата покажуваат дека кога зборуваме за себе, во мозокот се активира истиот центар за задоволство поврзан со храна и пари. Затоа, научете да слушате и покажете им на соговорниците дека се грижите, бидејќи така ќе бидат привлечени.

Бидете свои
Не „копирајте“ движења, облекување или комуникација од некој друг. За да им се допаднете на другите, мора прво да се допаѓате себеси, што значи дека треба да се трудите да бидете колку што е можно подобри, но и да ги прифаќате грешките.

Бидете опуштени
Не грижете се што другите ќе мислат за вас и не грижете се за обврските што ве очекуваат. Колку сте поопуштени, толку повеќе другите ќе сакаат да поминуваат време со вас.

Ставете кармин
Една од првите работи што мажите ги забележуваат кај жената се нејзините усни, затоа секогаш ставајте кармин. Најдобрата опција е црвената, бидејќи потсвесно го поврзува приливот на крв во усните во состојба на сексуална возбуда.

Прегледи:
527
Објавено на:
10.04.2022