Категории

Оригами куќа од 50 м2 која се склопува за три часа и можете да ја носите секаде

Ако некогаш сте посакале како полжавот да ја носите својата куќа секаде со себе, сега желбата може да ви биде исполнета.

Компанијата од Летонија, Брет Хаус нуди мали расклопувачки куќички со однапред инсталиран водовод и електрична мрежа. Нивното склопување потсетува на древната јапонска вештина оригами.

Првите модели на вакви куќи се појавија овој декември и веднаш го привлекоа вниманието со својот иновативен дизајн и технологија. Компанијата од Летонија користи попречно ламинатно дрво како главен градежен материјал. За куќата се потребни осум недели да се направи а може да се инсталира било каде за 3-4 часа. Бидејќи не е потребен траен темел, склопливата куќа може да се пресели во било кој дел и има минимално влијание на земјиштето на кое е поставена.

Иако ова не е оригинален концепт на компанијата Брет Хаус. тие воведоа низа иновации кои го зголемуваат просторот за 149%. Фактот дека секоја куќа доаѓа опремена со речиси сите технички содржетоци (канализација, електрична инсталација и водовод) исто така претставува голем бонус.

„Тоа е исто како да играте со лего коцки – имате одвоени делови кои морате да ги составите. Брет Хаус е игра за купувачи кои го составуваат својот малечот совршен дом“ – вели основачот на компанијата Џенади Бакунјин.

Прегледи:
681
Објавено на:
26.12.2020