Категории

Oscar de la Renta приреди вистинска ретро класика во новата колекција

Новото дизајнерско дуо на чело на модната куќа Oscar de la Renta дебитира со прилично необичен концепт на спој од класиката со младешкиот дух. На пистата во Њујорк тие приредија вистинска визија на современа класика и уметност преточена преку креации наменети за идната студена зимско-есенска сезона за 2017 година. Лаура Ким и Фернандо Гарсија овозможија патување низ времето враќајки ги своите верни фанови и обожаватели кои присуствуваа на свечената промоција преку моќните костими во машки стил, металик нијансите како и ретро колоритот кој беше застапен кај повеќето парчиња. Храброто деби на новото руво на брендот најави дека оваа модна куќа нема да остапи од својот препознатлив имиџ и ќе ја зачува сликата на создавачот Оскар де ла Рента кој почина во 2014 година а зад себе остави вистинска модна историја. Целата колекција Есен/Зима 2017 погледнете ја во галеријата подолу.

Прегледи:
619
Објавено на:
15.02.2017