Категории

Oставете ги работите да се случат само по себе

Многу често се наоѓаме во ситуација кога мислиме дека некои работи нема никогаш да се случат. Напротив, сите работи во животот си имаат свое време. Само треба да бидеме трпеливи, да не брзаме и да дозволиме да се случат сами по себе.

Многу работи сакаме набрзина да ги направиме,  на пример, сакаме да завршиме факултет за 4 години и веднаш после нашето диплимирање да најдеме работа. Сепак, во реалноста се соочуваме со порази, конфликти и падови, а често остануваме и замислени. Се прашуваме каде сме погрешиле, зошто не успеавме да ја остваривме нашата цел? Во текот на целото размислување, сфаќаме една многу важна работа.

Животот никогаш не треба да го брзаме. Се се случува со причина. Не секој успеал во животот од прва шанса. Многу од нас се соочиле со неуспеси. Некои еднаш, а некои и повеќе пати. Кога ќе размислиме поубаво, неуспехот е дел од успехот. Неуспехот ќе ни помогн да разбеме што сме погрешиле и ќе ни помогне да сфатиме што да направиме наредниот пат за да успееме.

Соништа ќе сенисполнат кога ќе престанете да ги забрзувате работите, кога ќе го прифатите планот на животот, сфаќајќи дека светот ве учи на лекции за кои веројатно многу  не се свесни ниту подготвени за нив.

 

 

 

 

Прегледи:
329
Објавено на:
12.01.2018