Категории

„Островот на блаженството“ – Сокотра е место каде растат најнеобичните растенија

Сокотра што во превод значи „остров на блаженството“ е архипелаг во Индискиот океан кој се состои од четири острови и кој административно му припаѓа на Јемен, иако е географски најблизок до Сомалија. Во овој архипелаг има дури 825 ретки видови растенија, од кои повеќе од една третина се прогласени за ендемични – односно, видови кои не се појавуваат на ниту едно друго место во светот. Но, растенијата не се единствените ендемити во Сокотра.

Тука живеат и влекачи и полжави, од кои над 90% се ендемични. Необичното и шарено копно е придружено со морето што го опкружува островот со 253 видови корали, 730 видови риби и 300 видови ракови, јастози и ракчиња.

Кога повеќето животни шетале слободно од еден регион во друг (пред околу 250 милиони години), Сокотра веќе бил одделен од копното, поради што развил уникатна флора и фауна. Климата во архипелагот е сува и топла, а сепак, неверојатно голем број на различни растенија напредуваат тука.

Покрај богатата флора и фауна, Сокотра е населена со луѓе веќе 2000 години, а денес само на главниот остров живеат околу 50 000 жители.