Категории

Осум интересни факти за Барселона кои не сте ги знаеле

Барселона е град кој се одликува со својата елегантност, познат е по неговата импресивна историја, култура, споменици, фантастична архитектура, музеи, галерии и интересни луѓе. За овој град може да се каже многу, па затоа одбравме неколку интересни факти за кои веруваме дека би ве заинтересирале.

1. Тајниот свет на Барселона

За време на Шпанската граѓанска војна, направени се повеќе од 1800 засолништа за градот да се заштити од постојано бомбардирање. Некои од нив може да се видат и денес.

2. Тајни знаци

На Саграда фамилија постои мистериозен квадрат со броеви чиј збир го дава бројот 33 – годините на Исус.

3. Катедрала на гуските

Уште од основањето, 13 гуски живееле во катедралата Еулалија (катедрала во Барселона) во сеќавање на младата Еулалиу, заштитничка на градот која Римјаните ја убиле кога имала само 13 години. Се верува дека секоја гуска претставува една година од нејзиниот живот.

4. Денот на Св. Ѓорѓија

Овој ден во Шпанија исто така е наречен и Dia de la rosa или денот на розата. Она што е интересно е дека приказната вели дека св. Ѓорѓија ја убил ламјата пред таа да ја изеде принцезата и токму во тој дел се гледа тој романтичен чин според кој овој празник е прославуван и на романтичен начин. По тој повод, мажите им подаруваат рози на жените, додека тие им возвраќаат со книги и тоа всушност ја симболизира возвратената љубов. Овој ден се поклопува со смртта на двајца великани, Сервантес и Шекспир и бил инспирација за УНЕСКО да го прогласи Светскиот ден на книгата.

5. Можен дом на Ајфеловата кула

Проектот на изградба на Ајфеловата кула привчно бил наменет за во Барселона, но бил одбиен.

6. Плажите во Барселона се вештачки

Сė до 1992 година, во Барселона немало плажи. Целата површина покрај морето била полна со индустриски објекти се додека градот не одлучил да биде домаќин на Олимписките игри. Благодарение на ова сега може да се најдат неколку плажи кои се рангирани како број еден на листата од десет најубави плажи во светот, според National Geographic и Discovery Channel.

7. Фламенкото не е популарно во Барселона како што е во другите делови на Шпанија

Овде има силна современа rock-n-roll сцена со ноќни клубови кои за викенди се отворени до 6 часот наутро.

 

8. Трет најпосетуван град во Европа

Секоја година, 8 милиони туристи ја посетуваат Барселона и со тоа ја сместуваат на третото место на најпосетуван Европски град после Лондон и Париз.