Категории

Осветли го Скопје – Зимско ноќно искачување на Водно на 21 јануари!

На 21. јануари 2019 година, понеделник, во 17.30 часот на полна месечина, ќе се одржи „Зимско Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно“.

„Осветли го Скопје“ прераснува во традиција која што нуди забава, спортување и посета на Водно со многу дружење, а зимските услови не се пречка за повторно да се одржи овој настан во зимскиот период. Патеката по која ќе се искачуваат сите заинтересирани е долга прилично 5 км и се пешачи околу 2 часа.

Собирно место на овој настан е основното училиште „Кочо Рацин“ во 17:30 часот. На истото место завршува настанот најдоцна до 23 часот. Сите оние кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат кај фонтаната во 18:15 часот. Во текот на искачувањето има една официјална пауза на Средно Водно со времетраење од 10 минути.

Задолжителна опрема:

  • Соодветни зимски чевли за пешачење
  • фенерче*
  • топла облека
  • ракавици, шал и капа
  • резервна маица
  • 0,5 литри вода
  • овошје, и храна по избор
  • ранец
  • фотоапарат
  • пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно Водно. Секој е на своја одговорност.

Овој настан е организиран од страна на www.mojtrener.mk .