Категории

Освежете ја кожата за празниците со природен пилинг од хималајска сол

Потребни ви се само две состојки.

Веќе долго време сме затворени во домовите а тоа никако не и годи на нашата кожа, како ни зимскиот студ. Иако во текот на овој период не треба да се практикува често, пилинзите се составен дел од секоја добра нега на кожа. А овој е на база на хималајска сол и додатно ќе ви помогне доколку ве мачат акни.

Како да го подготвите:
Измешајте 100 гр. хималајска сол со три литри вода и оставете да одстои цел ден за солта добро да се раствори. Потоа овој растров измешајте го со омиленото есенцијално масло и е подготвен за користење.

Нежно вмасирајте го растворот на лицето. Солта ќе ја масира вашата кожа и ќе ги отвори блокираните пори додека есенцијалнте масла ќе ја направат кожата мека и здрава.

Прегледи:
620
Објавено на:
25.12.2020