Категории

Освои голема сума на „Милионер“, а одговорот го знаеше бидејќи на тоа место ја изгубил ногата! (ВИДЕО)

Гарет Кендал во квизот „Кој сака да биде милионер?“ кој се емитува во Велика Британија освоил 125.000 фунти (140.000 евра) така што раскажал каде ја изгубил својата нога.

Имено, на прашањето: „Покрај кое езеро се наоѓаат рушевините од дворецот Уркухарт?“, одговорил: „Го знам тоа, бидејќи таму ја изгубив ногата“. Водителот не очекувал ваков одговор,  а тоа се гледа по неговата реакција!

Публиката исто така не можела да поверува што слуша. Натпреварувачот, потоа, раскажал како за малку ќе го изгубел својот живот во несреќа покрај Лох Нес во близина на дворецот Уркухарт.