Категории

Откако ќе ја пробате ќе ви стане омилена – Маска за лице која подмладува и освежува

После само неколку користења, оваа домашна маска ќе ја додадете на вашата листа на омилени, ќе бидете изненадени од нејзиното дејство

Оваа маска за лице за кратко време стана популарна ширум светом кај жените на возраст од 50 години. Многу дами се „колнат“ во неа дека за кратко користење на оваа маска успеале да го подмладат својот изглед а нивната кожа станала блескава и свежа,

Се што ви е потребно за оваа маска е:
-2 лажици рендан ѓумбир
-2 лажици мед
-1 лажица куркума

Начин на подготвување:
Измешајте ги сите состојки додека добро се соединат во еднолична смеса и нанесете ја на чисто лицето.
Оставете да одстои 15 минути. Можно да почувствувате благо пецкање на лицето или чувство како кожата да гори, но тоа е сосема нормално затоа што оваа маска дава ефект на топлина и така ја подобрува циркулацијата на крва и ги измазнува брчките.

После 15 минути, исплакнете го лицето со млака вода.

Во што е тајната на оваа маска?
За потполно неверојатен подмладувачки ефект задолжени се моќните состојки.

ЃУМБИРОТ ја обновува еластичноста на кожата и ја тонира. Ја стимулира циркулацијата и во најдлабоките слоеви од кожата. Поради него, кожата повторно го добива својот сјај и станува здрава, а брчките полека се измазнуваат. Ѓумбирот е одличен поради тоа што ја хидрира кожата и ги обезбедува клучните елементи.

КУРКУМАТА го поттикнува производството на колаген и ја прави кожата светла и блескава. Содржи нијацин кој помага да се обноват оштетените ќелии. Помага дури и при ублажувањето на видливоста на старечките пеги.

МЕДОТ содржи полифеноли кои го успоруваат процесот на оксидација во ќелиите и го запираат стареењето.