Категории

Откажете се од лошите бракови, луѓе, пријатели, но никогаш од СЕБЕСИ!

Во животот никогаш не треба да се откажете само од потрагата по подобри нешта..

Неодамна се најдов себеси во друштво со еден млад човек, кој ме поттикна на размислување. Овој прекрасен дечко, станал самохран родител на мало дете на свои 19 години. Тој е професионален спортист, а пред три години му се укажа прилика да замине во странство и да тренира за еден доста престижен клуб. Ја прифатил понудата и сега живее во странска држава и секојдневно се бори за сопствената среќа и својот син.
Тој дечко е потполно сам во својата приказна. Нема никој познат во таа далечна земја, никој свој. Нема родители кои би му помогнале, мајка која би му зготвила ручек, дадилка која би му го чувала синот, жена која би му била мајка на неговото малечко.
Тој дечко секој ден ја живее улогата на мајка и татко, готвач, дадилка, професионален спортист, пријател и колега. Неговото дете патува со него, тренира со него, готви со него, дише со него.

После првото запознавање многу брзо стигнавме до некои теми кои се вистински плодна почва за конструктивни дискусии и наеднаш се најдовме во расправа за поимот „откажување“.
Тој на тоа изјави: „Мразам откажување!“ Додека ги изговараше тие зборови, очите му се полнеа со пламет. Целата реакција беше многу впечатлива.
Во тој миг, сфатив дека зборува од сопствено искуство, носејќи го бремето на неговото минато на своите плеќи, помислив дека е сосема во право.

Тој не се откажал од својот син, од својата кариера, а можел, како што многу луѓе би направиле кога би се нашле себеси во таква ситуација. Не се откажал од потрагата по подобар живот. Но се откажал од лошата врска, од погрешната жена, од сиромаштијата, од безнадежноста и очајот, од лутањето, од неодговорноста.
Неговата дефиниција на неоткажување е многу поинаква од онаа на која мислиме.

Во животот никогаш не треба да се откажете од потрагата по подобри нешта. Но, морате да се откажете од мажот кој не ве почитува, од жената која не ве цени, од пријателите кои тоа не се, од работата која не ве исполнува, од бракот кој е мртов и е само парче хартија, од омразата, од половичната љубов. Едноставно откажете се!
Единствено е важно да не се откажете од соништата, успехот, напорот, не откажувајте се од себеси, никогаш, за никого, за ништо!

Прегледи:
638
Објавено на:
22.12.2019