Категории

Откриена нова мистериозна животинска врста морско суштество

(ВИДЕО) Истражувачите на Националната управа за океани и атмосфера за прв пат во историјата идентификуваа нов вид ктенофор, користејќи само снимки со висока резолуција од дрон кој нурна во длабоката вода.

Желатинскиот морски без’рбетник или „морската грутка“ била забележана со помош на уред со далечнско управување кај брегот на Порторико на длабочина од 3,900 метри.

Дронот кој нурна во морското дно направи несекојдневни снимки на чудното суштество налик грутка чија должина е помала од милиметар.

Иако снимките настанале во 2015 година, научниците сакале да бидат апсолутно сигурно пред да ја обелоденат веста дека е откриен нов вид и одвоиле време макотрпно да ги прегледаат снимките од подводната експедиција.

„Немаме исти микроскопи како во лабораторија, но видео снимката може да ни биде доволна информација за детално да ја разбереме морфологијата, како локацијата на репродуктивните органи и други аспекти“, објаснува морскиот биолог Ален Колинс.
Дуобрахиум спарксае има тело налик на балон од кој се пружат две долги пипки кои се забележани како го одржуваат животното близу морското дно, што може да го олесне хранењето.

Познато е дека овој вид не е поврзан со медиузите иако се мекотели – се хранат со членконосци и ларви кои се наоѓаат во длабочините.
Со оглед на екстремните услови во кои живее оваа врста, истражувачите не се сигрни дека можат повторно да го видат ова извонредно суштество.

Прегледи:
566
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
07.12.2020