Категории

Отровно: 4 намирници кои не смеете да ги ставите во микробранова печка

Некои ја сакаат, некои ја мрзат: Старата добра микробранова печка.

Мора да признаеме дека од практични причини се повеќе ги користиме нејзините брзи услуги. Но, треба да знаеме дека постојат намирници кои во никој случај не смееме да ги грееме во неа.

Компир

Доколку варениот компир се остави на собна температура, лесно може да ја развие бактеријата „clostridium botulinum“. Оваа бактерија не може да се уништи во микробранова, а може да предизвика труење со храна.

Сирово пилешко

Пилешкото мора да се јаде кога е добро термички обработено (варено, печено или пржено) за да бидеме сигурни дека се уништени сите бактерии кои се наоѓаат на него. Во микробранова печка ова месо може само да се загрее, но не и да се пече.

Пржена храна

Масниот помрит или печениот зеленчук исто така не смеат да се ставаат во микробранова. Маслото може да се запали и да се создадат гасови штетни по здравјето.

Ориз

Оризот по подготвувањето треба да се стави во фрижидер, бидејќи на собна температура многу бргу може да развие отровни бактерии кои не се уништуваат во микробранова печка.

Прегледи:
541
Објавено на:
06.02.2018