(ВИДЕО) Во Полска, на 40 километри од Варшава во градот Мшчонув е отворен нуркачки базен длабок 45,5 метри.
Базен комплексот Deepspot има 8,000 кубици вода, што е за 20 пати повеќе од количината во обичниот базен.
Во комплексот постојат многубројни имитации кои потсетуваат на подводни пештери и рушевини од цивилизацијата на Маите.
За разлика од обичните базени, Deepspot базенот прима посетители и покрај пандемијата со коронавирус, затоа што е наменет за нуркачите и нивните тренинзи. Во план е и изградба на хотел од чии соби ќе може да се приушти поглед на внатрешноста на базенот.
„Тоа е најдлабокиот базен на светот“ – вели директорот Михаил Брасзински, кој е вљубеник во нуркањето.
Моменталниот носител на Гинисовиот рекорд е базен кој се наоѓа во Италија кој е длабок 42 метри.
Овој необичен базен во Полска држи рекорд само половина година затоа што тогаш ќе биде завршен и „Синиот амбис“ кој моментално се гради во Колчестер – Велика Британија, а кој ќе биде длабок 50 метри. Базенот „Син амбис“ ќе биде отворен во 2021 година.
„Овде нема место за величенствени риби и слични замени за море, но дефинитивно добро место за учење и тренинг со цел безбедно да нуркаат во вода“ – вели Прземислав Капрзак, 39-годишниот инструктор по нуркање.