Категории

Ова е Балканската убавица: Македонската претставничка Кристина ја освои титулата Мис Балкан 2019

Вчера вечер во хотелот АМБАСАДОР во Белград се одржа официјалниот избор за Мис на Балканот за 2019та година.
Победничка е нашата Кристина Димитријевска, 23 год. од Тетово. Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои уште на свои 17 години.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои преубавата Кристина настапи во Белград.

Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.