Доколку поминувате доволно време на интернет, сигурно до сега веќе сте го сретнале Гимо, мачорот чии крупни очи ќе ве освојат на прв поглед.
Без разлика дали стои на неговите задни нозе, дали се подготвува да рипне од скриена локација, седи во неговото креветче или едноставно ве гледа со хипнотизирачките очи, Гимо што и да направи тоа во себе има толку голема доза на слаткост што не можете да останете рамнодушни.
Всушност, тој може и да држи часови за тоа како да бидете слатки. Но, тоа ќе мора да го направи денски, затоа што навечер е скоро невозможно да го забележите, освен неговите крупни очи.
Не го гледајте премногу долго, инаку не ви гарантираме дека ќе успеете да побегнете од оваа страна…
Не заборавајте да го погледнете и мачорот кој прави најдобро Селфи