Категории

Ова е модната блогерка која сите ја нарекуваат современата Одри Хепберн

Во морето на ултрамодерни и максималистички настроени икони на уличната мода, една девојка се истакнува од останатите со својата романтична естетика и шармантен ретро стих поради кои многумина ја нарекуваат модерната Одри Хепберн. Се работи за Jenny Walton, миленичката на streetstyle фотографите, илустраторка и нова модна уредничка на модниот блог sartorialist.com и љубителка на женствените миди здолништа, впечатливи обетки и потпетици со необичен ретро стил.

Својот стил таа го опишува како класичен, едноставен и рафиниран. Во главно купува облека на пазари и vintage бутици и нагласува дека за да се има добар стил прво мораш да бидеш искрен кон себеси и да имаш јасна слика за својата личност.

„Мојот стил е многу класичен и произлегува од силуетите кои ги одбирам. Со оглед на тоа што сум поситна во горниот дел на телото, најчесто бирам припиени маици и низок струк а притоа ги усогласувам пропорциите со волуменозни здолништа. Многу го сакам својот врат и лицето, па косата често ја носам врзана во коњако опавче или пунџа за да ги нагласам.“

Прегледи:
820
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
25.12.2016