Категории

Ова е најчестата грешка која ја правиме при избирањето на течна пудра

Кога станува збор за мејк ап производите, најтешко е да се избере соодветната нијанса на течна пудра, која совршено му одговара на вашиот тен. За да не изберете погрешна нијанса не ја правете следнава грешка!

Стручњаците за убавина сметаат дека најголемата грешка која ја прават жените при избирањето на пудра е тоа што не го нанесуваат производот од тестер пред да го купат на своето лице. Кога ќе купувате пудра, не се шминкајте за да го испробате тестерот на чисто лице. Кога ќе нанесете малку од производот на лицето, најдобро ќе воочите дали ви одговара или не таа нијанса, структурата и дали пудрата оксидира.

Прегледи:
635
Објавено на:
26.11.2018