Категории

Ова е најголемиот тренд на маникир за оваа сезона

На социјалните мрежи и модни сајтови неодамна осамна нов тренд кој девојките го обожаваат. Јасно е дека оваа сезона металик нијансите се хит тренд кај облеката а сега тој тренд премина и кај нијансите на
нокти. Металик нијансите во златна, сребрена, розова се доста популарните на Инстаграм и Пинтерест. Познатите козметички брендови веќе создадоа лакови во вакви нијанси кои се веќе пуштени во продажба
на пазарот и козметичките салони. Се што е потребно да се постигне ваков „огледало ефект“ е мал спектар на производи – сјај во прав, сунѓер за примена на сенки, основна подлога за нокти, гел, лак со
леден ефект и лак кој се става на крајот од процедурата.
Ако и вие сте обожавател на ваквиот тренд тогаш погледнете ја целата постапка на видеото подолу.

Прегледи:
614
Објавено на:
14.11.2016