Оваа манекенка од Сан Диего би можела да стане сериозна конкуренција за Адриана Лима, ако судиме според фотографиите кои ги објавува на Инстаграм.
Впечатливата бројка од 1.9 милиони следбеници на Инстаграм потврдува дека кариерата на младата Џули Ане ќе ѝ донесе многу позитивни работи. Оваа манекенка со фантастично тело преферира да се фотографира во провокативна долна облека која како да е кроена само за неа.