Негувани раце и чисти средени нокти се ритуали кои жените редовно ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. А понекогаш, потребни се и многу пари.
Дали знаете колку чини најскапиот маникир во светот? Тој на насловните страници се појави во 2013 година, кога Кели Озборн на еден хуманитарен настан имаше маникир со бели дијаманти вреден 1 милион долари. Подоцна, оваа услуга стана омилена меѓу славните и богатите.
Според неверојатни информации, услугата сега е достапна и за обичните луѓе, за неверојатни 30.000 долари. Би си го дозволиле ли овој луксуз и вие?