Бијонсе уште еднаш стана предмет на исмевање на интернет, откако се појави нејзиното видео од натпреварот во Вилблдон.
Пејачката, во придружба на својот сопруг Џеј Зи, дојде за да ја поддржи својата пријателка Серена Вилијамс, чиј последен поен беше проследен со голем аплауз и викање.
Но, на Бијонсе и требаше малку повеќе време за да сфати што се случува. Камерите го фатија моментот кога целата публика стана и почна да ја слави победата на Серена. Во тоа време, Бијонсе збунето остана да седи на своето место. Неколку секунди гледаше околу себе, а потоа стана и почна да ракоплеска со останатите.Видеото веднаш стана хит на социјалите мрежи, а корисниците на Твитер смислија различни шеги на нејзина сметка. Еден корисник на Твитер напиша: “Ова е најсмешната сцена на годината”
Серена и Бијонсе се многу блиски, а тенисеркааата дури и беше дел од спотот за песната “Sorry”.
Beyoncé didn’t even know when the game was over ???https://t.co/sYUDEElk1m
— SUMMÉR (@Beyupdates_) July 9, 2016