Секоја сезона се појавува барем едно популарно парче кое трендсетерките го прославуваат, оваа зима имаме навистина голема лепеза на популарни парчиња на зимски јакни. Судејќи по тоа што во street style комбинациите на модните следбенички доминира оваа топла, удобна и шик јакна можеме да кажеме дека се работи за жежок тренд. Оваа јакна е една од оние vintage модели кои се носеа пред неколку години, но камбекот на трендовите не е ништо ново па затоа ја носеме и денес.
Погледнете ја нашата галерија со модни комбинации кои ќе ви помогнат како да ја комбинирате во спортска, кежуал и свечена варијанта. Во која било од нив изгледа прекрасно.