По вчерашниот невообичаен ден во кој двата натпревари кои се играа во Лигата на Шампионите завршија со резултатски пресврт, денес Барселона го направи „невозможното“ и се врати од 4 гола негатива во дуелот против ПСЖ за да мине во следната фаза од натпреварувањето. Но се чини дека и овој обложувач го направил невозможното и точно ги типувал двата дуели кои се одиграа вечерва, Барселона – ПСЖ, резултат 6-1 и Борусија Дортмунд – Бенфика 4-0.
Вложил 25 денари, а кога ќе му се одбие данокот на добивка, ќе му останат околу 15.000 денари.