Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастиан Швајнштајгер, вчера станаа родители на момчето Лука. Новороденчето веќе го претставија пред своите обожаватели.
Пресреќниот татко кратко по породувањето на својата сопруга, објавил фотографија од семејството на својот Инстаграм профил, на која се гледаатрацете на Ана, Бастиан и малите ноџиња на нивниот наследник.
„Добредојде на овој свет мало детенце! Толку сме среќни“, напишал Бастиан и воодушевил речиси 300 илјади фанови на Инстаграм.
За потсетување, славната српска тенисерка, своето прво дете го роди во Чикаго каде што живее моментално со својот сопруг, а како што пренесуваат медиумите и Бастиан присуствувал на породувањето.