Категории

Ова е целосната листа на шминки кои ќе ви требаат оваа зима

За да го следите зимскиот тренд се вели потребно е да сте љубители на бои, црвени усни и уште неколку трикови за добивање свеж изглед.

Она по што се разликува оваа сезона е транспарентноста – се истакнува природниот изглед, сјајната кожа, хајлајтери со различни текстури и природни “исчешлани” веѓи, сенки во шарени бои и нокти во неутрални бои. Ова е целосната листа на шминки кои ви се потребни за зимски трендовски изглед.

ЛИЦЕ

Нанесете лесна и сјајна подлога, што значи дека е пожелно на лицето да се видат и некои неправилности бидејќи и даваат на кожата природен изглед. Сепак со коректор препорачливо е да ги прикриете темните кругови под очите. Притоа се носат руменила нанесени на лицето на деликатен начин, а на се тоа се додава хајлајтер во различни форми: течен, во прав, крема, стик…

ОЧИ

Кога зборуваме за шминката на очите, оваа зима се препорачува да се нагласи бојата без разлика дали на нападен или суптилен начин. Особено е популарно цртањето на геометриски облици на капаците и покрај очите. Освен тоа, се потенцира волуменот на трепките, додека веѓите само се зачешлуваат со прозирен или гел во боја.

УСНИ

Усните се во две доминантни нијанси: сите тонови на црвената боја од најсветла до најтемна. Освен тоа, се предложува дебела совршено исцртана уста или пак, уста со замаглени рабови, како еден од клучните фактори кои му даваат на лицето топлина. Со помош на молив за уста најлесно ќе го постигнете овој ефект, а одозгора карминот ќе делува совршено.

НОКТИ

Наместо класичните црвени, оваа сезона насочете се кон кремастите и сиви тонови, како и зелените и сини нијанси, кои на ноктите делуваат префинето, но, шик како еден потполно неочекуван момент.

Прегледи:
680
Објавено на:
22.11.2017