Категории

Ова е за сите жени кои избрале сами да ја напишат својата приказна

Ова е за сите жени кои знаат дека, во својата приказна се – оние кои го држат моливот.

Ова е за жените чиј животи не биле романтична приказна. За оние кои никогаш не очекувале на денот на својата венчавка ќе го пронајдат она „среќно до крајот на животот“ или мигот кога нивниот поглед магично ќе се сретне со неговиот на другиот крај од преполниот кафич. За сите девојки кои го мереле својот успех врз темел на она што го постигнале за себе – она што го направиле.

Ова е за сите жени кои пораснале барајќи соништа кои сакаат да ги остварат и личности кои сакаат да станат, а не само мажи во кои гледале спас од нивната обична реалност. За жените кои се надевале дека нивните животи ќе бидат трилери, авантуристични новели, комедии и повремено еротски филмови, но никогаш обични романси. Никогаш само одраз на она што го имале да му го понудат на некој друг. Ова е за жените кои имале поголеми планови за главниот лик во својата приказна.

Ова е за жените кои пораснале посакувајќи повеќе. Повеќе независност, повеќе знаење, повеќе можности отколку што се надевале дека ќе остварат. За жените кои се чинело дека молчат, но сепак го пронашле гласот. За жените на кои им е речено да бидат скромни, но избрале страст. За жените кои ги учеле да седат и да молчат, но избрале да станат и да се борат. Ова е за жените кои никогаш не се грижеле за бајките. За жените кои не ги сакале сценаријата кои им биле дадени и одлучиле да напишат свои.

Ова е за девојките кои пораснале со валкани раце и изгребани колена. Кои лично сакале да го искусат светот со полна сила, без скриени намери и амбиции да бидат посакувани од некој друг. За дамите кои спрема нивните тела се однесувале како спрема нивен храм – да учат, доживуваат, растат и постигнуваат, повеќе отколку да заведуваат и импресионираат. За жените кои сакале да ги заведат мистериозните тајни на светот кои ги опкружуваат. Ова е за жените кои знаеле дека заслужуваат да ја истражуваат страста на херојот од нивните омилени детски книги. Кои не чекале некој друг да дојде и да им го покаже светот.

Ова е за жените кои биле осамени. Кои почувствувале падови и тешкотии во слободниот живот – кои ги гледале своите пријатели како основале семејства, партнери кои заминале и живот кој поминал без нив затоа што нивните цели не биле по мерка на другите. За жените кои имаат чиста глава и искрени срца и биле соочени со осуди, свесни дека се горди на животот кој го избрале – да имаат сопствен успех значи повеќе отколку туѓиот и нивната среќа е нешто кое само тие смеат да го дефинираат. За жените кои ја почувствувале полната тежина на одлуките и сепак ги донеле – затоа што знаеле дека сакаат таков живот и не им било страв да го живеат со полна плуќа.

Ова е за сите жени кои се бореле да станат сами свои спасителки, свои хероини, силни протагонистки на своите победнички приказни. Ова е за дамите кои самите се спасиле и за хероините кои не чекале да бидат спасени. Ова е света на жените кои целат кон романсата но исто така знаат и дека таа не е животната приказна која ја бараат. Нивната приказна ќе заврши тогаш кога ќе видат се што посакувале да видат, научиле се што сакале да научат и ги постигнале сите цели кои си ги задале во детството.

Ова е за сите жени кои знаат дека, во својата приказна се – оние кои го држат моливот.