Категории

Ова куче патува секој ден над 6 километри за да се поздрави со сите

Бруно е кучето кое скоро секој ден патува над 6 километри во последниве 12 години до Лонгвил, Минесота, само за да им каже “здраво” на луѓето во градчето.

Бруно започнал да патува уште кога бил мало кученце. Пред повеќе од една деценија човек се појавил на прагот од куќата на Лери Лавејл, држејќи кученце во рацете.

Човекот претпоставил дека кучето е нивно и дека се изгубило, но станувало збор за напуштено куче, па Лери решил да го задржи.

На почетокот Лери дури и пробал да го заврзе, но сѐ што сакал да прави Бруно било да оди на прошетки, па новиот сопственик морал да се помири со авантуристичкиот дух на својот миленик.

Со текот на годините граѓаните на Лонгвил се навикнале да го гледаат Бруно како се шета. Најчесто тој ги посетува продавницата за сладолед, неколку канцеларии и локални продавници, а луѓето толку го засакале што му посветиле и дрвена статуа од него и го прогласиле за амбасадор на градот.

https://www.youtube.com/watch?v=ZxSX3IeO7MA

Прегледи:
339
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.09.2016