Оваа година ќе се имплементираат две големи иновации кога станува збор за паметните телефони. Од година во година паметните телефони стануваат се подобри и подобри.
Оваа година можеме да очекуваме неколку иновации, од кои, две иновации посебно се истакнуваат од сите.
Една од двете најголеми иновации е имплементирањето на сензорот за отпечатоци на прсти во самиот екран. Се шпекулира дека компаниите Vivo и OnePlus ќе бидат првите кои ќе го имплементираат овој сензор кај своите телефони, а тоа исто така се очекува и од Samsung.
Втора најголема иновација претставуваат флексибилните екрани. Една од првите компании која што би можела кон крајот на идната година да го претстави првиот телефон со флексибилен екран е Samsung.