Категории

Ова се најчестите стратегии во љубовта

Начините со кои се тактизира во љубовта се многубројни, а на неформалната листа најчести стратегии за провоцирање на партнер, привлекување внимание и проверување на заинтересираноста на партнерот, се следниве.

Речиси сите луѓе кажуваат дека немаат некоја стратегија кога се зборува за љубовта и емотивниот однос, но стручнаците тврдат дека сите тактизираат. Помалку или повеќе. Понекогаш тоа се прави дури и не свесно, а понекогаш многу свесно. Има многу начини, а на неформалната листа најчести стратегии за провоцирање на партнерот, привлекување внимание и проверување на заинтересираноста на партнерот, се следниве:

  • провокации кои предизвикуваат љубомора
  • одложување на времето за одговарање на пораката или повикот
  • споменување на многу пријатели или познајници
  • презакажување на состанокот со изговор дека се јавиле некои непланирани обврски
  • избегнување на разговор за идни планови, наведувајќи дека животот е една голема неизвесност

 

Прегледи:
612
Објавено на:
19.04.2019