Категории

Oва се најчистите градови во светот

Со зголемување на бројот на светската популација, градовите во светот сè повеќе растат и се прошируваат.

Постојано се конструраат патишта и се градат згради, поради што зелените површини почнуваат да исчезнуваат и се намалува бројот на дрвја и паркови во урбаните средини.

Во светот постојат неколку градови каде многу се внимава на хигиената и здравата животна средина. Луѓето во овие градови учествуваат во промовирање и придонесување на различни програми во чистотата на градот.

Цирих, Швајцарија

Цирих е еден од најчистите градови кој е полн со зелени површини. Има одлична инфраструктура, а луѓето постојано учествуваат во одржувањето хигиена на нивниот град.

Копенхаген, Данска

Главниот град на Данска е еден од најпопуларните градови во Европа. Копенхаген важи за чист град со природни убавини, одлично дизајнирани градби и замоци. Поредо изобилството од зеленило, во 2014 година ја доби титулата European Green Capital.

Осло, Норвешка

Осло е најнаселениот град во Норвешка. Познат по чистиот воздух, отворениот простор и луксузниот живот. Причината поради која Осло се смета за најчист град е начинот на кој го решиле проблемот со ѓубрето. Целото ѓубре кое се произведува во домаќинствата во целост се искористува за производство на електрична енергија.

Фрајбург, Германија

Фрајбург е преполн со зелени дрвја, зелени ридови и цвеќиња кои ги обезбедува еколошката средина. Квалитетот на воздухот е над 87.4%, а главната улога во чистината на овој град ја имаат граѓаните и власта.

Мелбурн, Австралија

Мелбурн е втор град по густина на население во Австралија, со прекрасни пејзажи. Квалитетот на водата за пиење е на високи 84.8%, а квалитетот на воздухот е на 83.5% Мелбурн е финансиски и економски центар со висок стандард на живот, а во 2013 година беше прогласен за најдобар град за живот на најмалиот континент.

Хонолулу, Хаваи

Овој град е познат по зенелилото кое се наоѓа на секој чекор. Благиот ветер секојдневно дува низ дождливите шуми носејќи чист воздух во градот. Здравствената исправност на водата е 100%, а чистината на воздухот е 90%.