Категории

Ова се најголемите трансформациина познатите. Нивниот изглед се сменил до непрепознатливост!

Социјалните мрежи во денешно време овозможуваат да го пратиме секој чекор на познатите личности. Сепак, она што отсекогаш најмногу ја интригира и интересира јавноста се нивните драстични промени на изгледот.

Ви ги претставуваме најголемите трансформации во изгледот на јавните личности кои во еден период биле дури непрепознатливи.

1. Кејтлин Џенер

Слободно можеме да кажеме дека никој не направи трансформација во изгледот како неа. Некогашниот олимпиец Брус Џенер му кажа збогум на телото и влезе во историјата како позната личност која направи најголема промена во својот целокупен изглед.

Откако го промени полот, го промени и своето име, па денес се вика Кејтлин и го привлекуа вниманието на светската јавност каде и да се појави.

2. Џаред Лето

По една улога во 2013 година, поради која драстично ослабе за да го долови ликот на ХИВ позитивен транссексуалец, славниот актер ја скрати својата препознатлива долга коса.

По оваа трансформација, следуваше и друга со зелена коса.

А потоа, го гледавме и со кратка залижана розова коса.

3. Кристијан Бејл

За неговите трансформаци зборуваше цел свет. За една улога во филм изгуби 28 килограми и неговата тежина изнесуваше 55 килограми, покажувајќи го својот шокантен изглед.

Сепак, тоа не е се. Бејл неколку години подоцна, исто така поради улога, „качи“ преку 100 килограми, како резултат на нездравата исхрана, јадејќи крофни, чизбургери и слично.

4. Кајли Џенер

За кратко време стекна енормна популарност. Нејзината колекција на козметички производи го залуди светот, а девојките ширум светот ја обожаваат. Сепак, својот совршен изглед не го должи на природата, туку на бројните естетски зафати.

Со само 18 години од корен го промени своето лице, па ретко кој може да поверува дека тоа е онаа иста личност која до пред некоја година позираше на јавните настани со своите сестри.

5. Џенифер Хадсон

Долго време се бореше со килограмите. Сепак, нејзиното последно намалување на киограмите го шокираше светот. Нејзините најнови фотографии во бикини ги запалија социјалните мрежи, а тоа се должи на намалувањето на дури 40 килограми од нејзината тежина.

Прегледи:
403
Објавено на:
01.04.2018