Категории

Ова се најлошите љубовни комбинации во зодијакот

Можеби ве привлекла љубовта на прв поглед, но големи се шансите дека врската помеѓу овие хороскопски знаци нема да потрае, а нема ни среќно да заврши.

Јарец и Стрелец

Овие два знаци во потполност се различни. Личностите родени во знакот на Јарец многу лесно се разочаруваат и иако велат дека љубовта не им е најважна во животот, нивниот сон е да пронајдат сродна душа.

Лав и Риби

Лавовите сакаат во потполност да му се предадат на партнерот. Не поднесуваат песимизам, па во врска со Рибите само би можеле да излезат разочарани и исфрустрирани.

Водолија и Бик

Водолијата е знак кој секогаш тежнее за слобода и неоптеретеност. Токму затоа, луѓето родени во знакот на Бик се најлошиот избор за Водолиите, бидејќи Биковите бараат стабилност и постојана повзаност со партнерот.

Вага и Скорпија

Вагите бараат љубов на долги патеки, мир и посветеност. Скорпијата не може да им даде ништо од тоа бидејќи е многу песимистички настроен и мрзелив.

Овен и Девица

Личностите родени во знакот на Овен се многу едноставни, неоптеретени и не сакаат расправи за љубовни проблеми. Затоа Девицата е лош избор за партнер за Овенот поради нејзините потреби за внимание и комплицираниот карактер.

Бик и Близнаци

Иако Биковите се одличен материјал за врска и се многу толерантни, тие не можат да поднесат секаков карактер. Близнаците тешко се смируваат со еден човек, па посветен знак како Бикот може само да ги доведе до лудило.

Рак и Стрелец

Раквите се прави емотивци и бараат вистинска љубов, која за жал, не можат да ја пронајдат со Стрелецот. На Ракот му е потребен некој кој ќе се труди околу него и ќе му покаже вистински емоции и љубов.

Прегледи:
793
Објавено на:
14.10.2021