Категории

Ова се новите популарни Converse патики

Популарниот бренд Converse лансира ново издание на своите најпопуларни платнени Chuck Taylor All Star патики. После многу реизданија кои класичните старки ги доживеаа, тие конечно добие и свое издание со точки. За новата пролетна сезона, брендот лансира два модели на патики со точки, во „ниска“ и „висока“ варијанта, со бели точки на црна позадина и црни точки на бела. Од брендот изјавија дека не се работи само за женски модел, туку тие се унисекс судејќи по нивната популарност и кај машките и кај женските. Што се однесува до цената, високиот модел ќе изнесува 125 долари додека ниските би требало да достигнат цена од 120 долари.

Прегледи:
460
Објавено на:
03.02.2017