Популарноста на социјалните мрежи најчесто е најголемиот фактор поради кој моделите се избрани за заштитни лица на големите брендови, бидејќи маркетингот денес игра голема улога преку тоа колку повеќе следбеници тие имаат и тоа автоматски означува и подобра продажба. Сеприсутната Џиџи Хадид, си обезбеди уште еден бренд зад себе за кого ќе застане на чело како заштитно лице и светски амбасадор на нивните производи. Овој пат се работи за спротскиот гигант Reebok и култниот модел на патики Club C. Џиџи изјави дека таа е голем фан на спортската лежерна облека па оваа соработка и е една од најомилените. Култните патики сега ја проширија својата палета на бои, вклучувајќи и металик нијанси.