Ракот е една од најтешките болести со кои се соочуваме. Ракот кај децата се разликува од ракот кај возрасните на неколку начини. Најважната разлика е во тоа што кај децата генерално ракот има подобра прогноза отколку кај возрасните.
Две третини од децата на кои им е дијагностициран рак се излекуваат од болеста.
Едно од тие дечиња е и храброто девојче прикажано на видеото. Во него ќе го видите разговорот и искрените реакции на група дечиња кои за прв пат разговараат со дете на нивна возраст, кое преживеало рак. Нивните разговори ќе ви ги насолзат очите.