Категории

Оваа балерина открива што јаде – да остане слаба, а да не гладува

Мери Хелен Боверс (38) има импресивно искуство во балетот. Дури и денес, како мајка и успешна деловна жена сеуште се придржува на одреден режим на исхрана.

Нејзиното виртуелно вежбање “Ballet Beautiful”, совети и приватни часови привлекуваат многу внимание, па така, лично таа ја тренирала и Натали Портман пред снимањето на трилерот “Црн Лебед”, која за таа улога доби Оскар.

Дури и денес, како мајка и успешна деловна жена и понатаму е на строг режим на здрава исхрана и практикува фитнес, па поради тоа изгледа неверојатно.

Открива како изгледа нејзината прехрана:

  • Просечниот ден го започнувам со пиење голема чаша вода.
  • За појадок: овес со органски орев и половина праска
  • За ручек: Сецкана салата со пилешко, домат и авокадо
  • За вечера: Зелена салата со свежи тестенини од пченично зрно во доматен сос
  • За грицкање: Органско јаболко, сирење и сирови бадеми
  • Мојот омилен пијалак – вода
  • Единствена храна која никогаш нема да ја јадам: Всушност не сакам храна со многу сол и тешки преливи
  • Храна во која уживам, а имам грижа на совест дoдека ја јадам: Чоколадо и сирење. Без овие две намирници не би можела да живеам.
  • Мојот омилен здрав оброк е: Свежо овошје и сирови јаткасти плодови.
  • Три состојки кои секогаш ќе ги најдете во мојата кујна се: Свежо овошје, органско млеко и органски јајца
  • Мојот најважен совет за здравјето е: Практикувајте рутини слични како тоа што го правите дома. Правете здрави избори, вежбајте и пијте многу вода
  • Моето препознатливо јадење е: Салата со предјадење. Сакам свежа органска салата со пилешко подготвена на скара и сос, или риба.

Прегледи:
512
Објавено на:
24.11.2017