Категории

Оваа боја ќе ја одбележи 2020 година: Кралска нијанса која што внесува сигурност во животот!

Потсетува на бојата на небото при залез на сонцето …

Институтот за пантонски бои откри дека 2020 година ќе биде обележана со класично сина боја. Тоа е безвременска нијанса која е елегантна по својата едноставност.

Потсетува на бојата на небото залез на сонцето, а има убедлив квалитет и навестување на сигурност.

Ја поттикнува нашата желба за сигурни и поуздани темели врз кои се градат сите здрави врски.

„Тоа е боја на исчекување“, додаде Лори Пресмен, потпретседател на Институтот за бои.

Во согласност со своето име, оваа боја може да биде кралска, воздржана, но и екстремна, особено кога е претставена со различни дезени, материјали и тонови.

Институтот за боја Пантон во декември ги објави своите предвидувања за следната година, врз основа на анализа на тековните модни трендови, технологии и услови.

Според нив, 2019 година беше обележана со корална боја, 2018 година беше обоена во ултравиолетова, а додека во 2017 година беше истакната зелената боја.

Која е вашата омилена нијанса на сина боја?

Прегледи:
608
Ознаки:
· ·
Објавено на:
09.12.2019