Категории

Оваа есен вљубени сме во ‘твид’ материјалот

Како еден од најистакнатите трендови кога е во прашање есента и вистински симбол на студената сезона, секако е ‘твидот’. Топол и шик материјал создаден за есенската сезона.

Во модниот свет доста се дискутира дали твидот е минлив тренд или пак вечна класика, кој во согласност со цикличната природна на модната индустрија повторно се врати во ‘mainstream’ модата. Она што е сигурно е тоа дека има вистински долга историја и традиција: Оваа волнена ткаенина наречена по зборот tweed во Шкотска, традиционално ја носела британската висока класа која твидок го ценела како да се работи за првокласен, квалитетен и речиси неспоредлив материјал.
Денес твидот е препознатливо во неколку различни принтови, како што примерите на пепито или рибина коска, а за кој и да одлучите оваа есен, нема да погрешите.

Прегледи:
1103
Објавено на:
15.10.2020