Девојките кои имаат долга коса знаат дека воопшто не е лесно да се преживеат горештините и како решение избираат пунџа или класично репче. Благодарение на познатите дами, уште една фризура ни се наметна како логичен избор, а Ким Кардашијан, Џесика Алба, Џеј Ло и многу други трендсетерки ја носеа на црвениот тепих, како и во дневните варијанти.
Станува збор за полуподигнатата коса врзана во коњско репче на врвот на главата. Оваа фризура не бара вештина за правење, а освен што косата нема да ви смета исто така изгледа многу убаво и привлечно. Најдобро изгледа на долга коса, но исто така е одличен избор и за дамите кои имаат лоб фризура.