Наоѓањето на совршен фустан е тешка работа, а замислете го процесот сами да ја креирате венчаницата, од дизајн до комплетна реализација. Токму тоа го направила Dana Wolley.
Wolley е влијателна личност во модниот свет на Блискиот Исток, а ова лето, на 29 јули, таа стапи во брак со Samer Zayat. Преку нејзиниот инстаграм профил го документираше процесот на работа со Esposa за креирање уникатен венчален фустан.
Во разговор со Savoir Flair, Wolley открива дека темата на свадбата е „модерна викторијанска“, а одбрала помалку познат дизајнер од причина што сакала да ја има комплетната креативна контрола во создавањето на фустанот.