Пролетта ни донесува непредвидливо време, идеално за модното парче кое оваа сезона дефинитивно ќе владее на улиците – долгиот мантил/наметка. Но не било каков! Оваа сезона меѓу нај актуелните трендови се со должина до глуждовите и тоа во најразлични бои. трендсетерките се вљубени во овој тренд па со големо нетрпение ја очекуваат пролетта да „прошараат“ низ улиците.
Долгите разнобојни мантили се исто така популарни и на есен, но пролетта сепак е идеално годишно време за разиграните ѕветни дезени и силните свежи бои кои изгледаат одлично со фустани и здолништа. Но не заборавајте да бидете поинакви, т.е. отстапете од класичната црна боја, па и проучената беж кои се популарни веќе со години и осмелете се да облечете таков во сина, зелена или црвена боја, а исто така белата боја изгледа елегантно и софистицирано. Оваа сезона важи правилото – „што подолго тоа подобро“ па во игра се моделите под колена. Погледнете и инспирирајте се!