Категории

Оваа животна лекција од баба ми нема да ја заборавам: Еве зошто Бог дозволува да ни се случат некои работи

Во детството со баба ми поминав многу драгоцени моменти. Таа беше тука за мене да делиме убави и помалку убави детаљи при растењето. Во една прилика, додека правеше колач, бев покрај неа и ја набљудував. Тогаш не се чувствував најдобро: родителите бараа многу од мене, се трудев на училиште но немаше резултат, имав и здравствени проблеми.

Како и секогаш, сѐ и раскажував на баба ми која трпеливо ме слушаше. Овој пат, слушајќи ме што говорам и додека правеше колачи, ми даде необична понуда. Ме праша дали сакам нешто да јадам додека разговараме за проблемите. Се сложив.

„Еве ти малку масло“, ми понуди баба ми, на мое запрепастување. „Кој јаде масло“, помислив и зачудено ја погледнав. Потоа следеше ново прашање од баба ми:

„Сакаш можеби живо јајце? Или баба да ти даде малку брашно или сода бикарбона? Можеби би сакала да изедеш лажица маст?“, ме прашуваше баба ми.

„Бабо, па сѐ што наброја се невкусни работи, кој би ги јадел, зошто ми ги нудип?“, ја запрашав, не сфаќајќи зошто ми го предложува сето тоа. Потоа следеше одговор кој засекогаш ќе го паметам.

„Во право си душо, сите овие состојки поединечно изгледаат невкусно и грдо. Никој не би ги јадел. Но, кога ќе ги составиме, од нив добиваме вкусен колач. “

Бог работи на ист начин. Дозволува да ни се случат и полоши работи, за на крај да ни се случат убави. Ние треба да му веруваме, бидејќи по тешкотиите Тој на секогаш ни подготвува нешто убаво за да не награди за целата доверба која сме му ја дале.

Прегледи:
517
Објавено на:
04.11.2021