Лав
Кога Лавот би можел да го поправи поразот на секое поле, многу би му било полесно, затоа што спомените и сеќавањата не му даваат мир. Ако не можел да стане водач и да добие улога на лидер, ќе биде незадоволен до крајот на животот. Тешко заборава неуспех или пропуштената шанса во нешто да биде прв.
Девица
Колку и да се труди, Девицата не може да ја заборави првата љубов, па цел живот и се враќа, без разлика дали во мислите, дали физички ќе преземе нешто. Би и било многу полесно ако не е под постојан притисок на прашањето „што ќе беше, ако направев вака?” Иако е практична и рационална, Девицата тешко ги заборава совршените состаноци.
Терезија
Терезијата никогаш нема да заборави и прости неправда или понижување, и тоа баш тогаш кога била најуспешна. Родените во овој знак се вечни борци, посебно против неправдата, па вкусот на пораз може да ги донесе пред искушение за одмазда. Уште една работа која никогаш не ја заборава е дека луѓето не се онакви какви што вие ги доживувате и тоа го има почувствувано на своја кожа.
Скорпија
Скорпијата не заборава ниту еден момент во кој била јавно изложена на критика или неправда, заради која се почувствувала непријатно во поголема група на луѓе. Не сака било кој да ги загрозува нејзините идеали, цели и планови, па ако се обидете – подгответе се за доживотна одмазда. Иако би сакала се да заборави, Скорпијата е можеби најголемото злопамтило во Зодијакот.