Стрелец
Барем еднаш во животот, на Стрелецот му се случило да излезе наивен затоа што направил погрешен чекор и тоа никогаш нема да си го прости или заборави. Присетувањата на минатото се секогаш тука да го прогонуваат, па од нив ја извлекува лекцијата дека секогаш треба да биде подготвен на најлошото и од секого сè да очекува. Затоа што кога еднаш ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт.
Јарец
Јарецот не заборава личности кои искрено ги сакал, а го оставиле. Јарците цел живот ги потхрануваат спомените, се присетува на се што можело да биде и најмногу се кае за зборовите кои не ги изустил. Гледа романтични филмови, сака да напише цел роман, само за да си ги истури емоциите некаде надвор. Тешко заборава и простува неверства од било каков тип.
Водолија
Водолијата никогаш не ги заборава понижувањата на професионален план, дури и кога делува ноншалантно. Ладнокрвноста е само маска и потсвесно потискање на она што ги боли. Водолиите се одмаздници, пред се заради повредената суета, па секогаш имаат црна листа со имиња кои ги понижиле. Лажењето во очи е уште една работа која тешко ја забораваат и простуваат.
Риби
Рибите отсекогаш сакале да заблескаат во јавноста, па се каат за секоја пропуштена прилика. Тогаш меланхоличните Риби се повлекуваат во свој свет и анализираат. Лесно ги мешаат фантазиите со реалноста, па ако случајно се осмелите да им го посочите тоа, очекувајте смртно да ви се налутат.