Категории

Овие 3 ситуации откриваат дали тој е личноста со која треба да застанете на лудиот камен

Можеби звучи чудно, но понекогаш не сте компатибилни со својот партнер и вашиот брак не значи дека би функционирал како што треба, дури и ако во врската сѐ ви е идеално.

Постојат некои јасни знаци кои ве предупредуваат дека вашиот партнер сепак не е оној вистинскиот:

Повеќе не ве привлекува

Нормално дека како што поминуваат годините така и страстите се намалуваат, но доколку потполно сте “оладени” кон партнерот, немојте да мислите дека работите во брак ќе се променат.

Вашите најблиски не го прифаќаат

На почетокот на врската, кога сте многу еуфорични, не обрнувате внимание на тоа како другите го гледаат вашиот партнер. Меѓутоа, како што ќе поминува времето, така ќе ви е сѐ потешко што вашето семејство и пријателите не го прифаќаат. Постојано ќе се прашувате што тоа гледаат тие, што вие не го гледате и одредени сомнежи постепено ќе создаваат јаз помеѓу вас и вашиот партнер.

Сакате да го промените партнерот

Ако мислите дека со текот на времето ќе успеете да го промените партнерот, се лажете. Тој е таков каков што е и многу е тешко да се промени, речиси невозможно. Меѓутоа, вие би требало да се запрашате дали навистина сакате да го поминете животот со личност која сакате да ја промените, односно со личност кај која ве нервира секоја нејзина постапка.

Прегледи:
352
Објавено на:
18.09.2018