Категории

Овие 5 нешта докажуваат дека вашиот партнер БЕЗУСЛОВНО ве сака

Овие гестови се вистински доказ за љубовта

Секој има свој начин на искажување на љубовта, но на овие 5 нешта е спремен само некој кој вистински е заљубен во вас.

-Памти се што се однесува на вас и се што ви значи
Ако мразите брокула, личноста која искрено ве сака никогаш нема да го заборави тоа. Исто така, никогаш нема да ги заборави важните датуми во вашиот живот. Не се работи само за родендените и годишниците, туку и датумите кои се важни за вас двајцата. Ги знае вашите омилени емисии, филмови и книги, и сето тоа е многу важно за него.

-Знае како се чувствувате во секој миг
Ако навистина му е грижа за вас ќе ги забележува и најмалите промени во вашето расположение. Ни една ваша емоција нема да пројде незабележано. Доколку забележува тага во вашите очи и знае дека нешто не е во ред дури и кога го уверувате во спротивното, тоа е знак дека му значите многу повеќе отколку било која друга личност.

-Не се плаши да ги покажи своите слабости
Мажите во главно ги сокриваат своите чувства, а особено своите слабости. Меѓутоа доколку пред вас нема никакви тајни и тој е секогаш спремен отворено да разговара и ви открива се што му лежи на душа, значи дека ве смета за личност од доверба. Вие сте за него некој на кого може да се потпре секогаш.

-Ги сака сите ваши маани и доблеси
Кога го сакаме искрено, партнерот го прифаќаме онаков каков што е, со сите свои маани и доблести. И не мислиме само на физички маани, доколку се работи за вистинска љубов. Тоа може да биде тврдоглавост, можеби и по малку љубомора.

-Вие сте приоритет за него
Кога е во прашање љубов, тој секогаш ќе најде време за вас дури и покрај сите обврски. Ако е претрупан со работа а сепак успее барем на пет минути да издвои време за вас за да ве види, значи дека му е грижа за вас и мисли на вас.

Прегледи:
327
Објавено на:
16.10.2019